Топ Вести - Слушај сега
Зекирја Таири од ВЛЕН од изборната единица 1 е наредниот кандидат за пратеник во Собранието на местото на Беким Сали, кој вчера беше избран за министер за евроинтеграции. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 164-та седница го разгледа дописот од претседателот на Собранието, Африм Гаши дека согласно Уставот и изборниот законик на доскорешниот пратеник Сали му завршува мандатот и Собранието треба да го верифицира мандатот на наредниот пратеник од листата на ВЛЕН.
– Врз основ на овој допис од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши, Државната изборна комисија согласно одредбите од изборниот закон ги спроведе дејствијата во својата надлежност за верификација на мандат на нареден пратеник од истата листа на кандидати и за таа цел ДИК по повод спроведената законска постапка изготви предлог извештај – рече претседателот на ДИК Борис Кондарко.
Согласно Уставот и законските прописи е утврдено дека на Беким Сали му е престанат мандатот вчера и на негово место треба да биде наредниот пратеник од коалицијата Вреди, Зекирја Таири од изборната единица 1, и оти ДИК за тоа треба да го информира. ДИК го разгледа известувањето за престанокот на мандатот на Сали и со допис го известува наредниот кандидат Зекирја Таири од овластениот подносител, коалиција Вреди.
– И согласно законскиот рок со посебно известување до архивот на ДИК, кандидатот Зекирја Таири од листата на кандидати за Собранието во изборна единица 1 од овластен подносител коалиција Вреди во законскиот рок потврди и ја извести Државната изборна комисија дека го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието за остатокот од мандатот – рече Кондарко.
ДИК го издава уверението кое Таири го прифатил и ќе го достави до Собранието кое ќе ја продолжи постапката за верификација на мандатот.
Претседателот на ДИК, потсети дека редовно течат подготовките на одржување на повторените локални избори за 11 јануари, идната година во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖