Папата Франциско појадуваше на седмиот ден во болница, објави Ватикан во четвртокот во најновото ажурирање за неговото здравје.
Поглаварот на Католичката црква боледува од двојно воспаление на белите дробови, соопшти во вторникот Ватикан, што го комплицира лекувањето на 88-годишниот папа и укажува на дополнително влошување на неговото и онака кревко здравје.
„Ноќта помина мирно, папата стана и појадуваше“, соопшти Ватикан.
Ватикан соопшти дека респираторната инфекција на папата вклучувала астматичен бронхитис, кој бара употреба на антибиотски третман со кортизон.
„Лабораториските тестови, скеновите на белите дробови и клиничката состојба на папата продолжуваат да претставуваат сложена слика“, соопшти претходно Ватикан. И покрај тоа, на папата, кому му го отстранија горниот дел од десното белодробно крило кога беше млад, е расположен и благодарен за молитвите за негово закрепнување, изјави портпаролот на Ватикан Матео Бруни претходно оваа недела.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
