Се чини дека деновите на бразилскиот ас Нејмар во Ал Хилал се избројани, а веќе подолго време се зборува за враќање во родниот Бразил, Сантос. Фудбалерот наводно се согласил на овој трансфер, но двата клуба само чекаат договор.
Нејмар наводно кажал дефинитивно „да“ за клубот во кој израснал. Не е тајна дека неговата желба веќе некое време е да се врати во татковината, а сега се чини дека тоа враќање ќе се случи.
Сега доаѓа можеби потешкиот дел од работата. А тоа е да се направи договор за раскин на договорот со Ал Хилал. Претходните вести укажуваа дека Бразилецот не е подготвен да се раздели со многу пари. Уште повеќе, тој бара целосна исплата на неговиот договор иако одигра само два натпревари за Ал Хилал.
Се очекува работите да се забрзаат во наредните денови, бидејќи во интерес на сите три страни е успешно да се стави крај на оваа сага. Ал Хилал да го растерети буџетот, Нејмар да оди некаде за да почне да се враќа во форма за да има шанса да си го исполни сонот да го води Бразил на Светското првенство следната година, а Сантос што поскоро да добие големо засилување.