Затворени 6 институти информира МОН

Saso
By Saso 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Како што нѐ информира Министерството, два од затворените института се суспендирани поради неактивност во текот на подолг временски период, додека останатите четири не ги исполнувале основните критериуми за работа.

Меѓу нив се Институтот за бизнис економија во Скопје, Институтот за геобиологија, археологија, подземни води и екологија во Скопје, Институтот за мода Фешн Дизајн од Тетово, Институтот за одржлив развој и управување со климатски промени МИЛИЕУКОНТАКТ МАКЕДОНИЈА, Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје и Институтот за научни истражувања – ЛАОР Тетово.

Овие институти не успеале да ангажираат соодветен научен кадар, вклучувајќи истражувачи со висок степен на образование – докторанти и магистри, како што налага Законот за научно-истражувачка дејност.

Инспекторите сметаат дека проблемите со научните институти се длабоки и вклучуваат не само недостиг на кадар, туку и недоволна посветеност на истражувачките активности и слабата организација на институциите. Министерството за образование, пак, истакнува дека ова е дел од напорите да се унапреди квалитетот на научната дејност во земјата и да се елиминираат неправилностите кои влијаат на кредибилитетот на образовниот систем. Во неколку државни универзитети веќе се одземени неправилно стекнати звања и одредени луѓе се отпуштени од работа.

Министерката Весна Јаневска, која активно се залага за подобрување на високото образование и на научната сцена во Македонија, посочува дека научните институти мора да се фокусираат на истражувачка работа.

– Неопходно е да имаат јасни програми за работа, редовно да објавуваат резултати и да ги покажат ефектите од своите истражувања. Важно е да се подигне нивото на стручност и квалитет во овие установи за да се овозможи подобар развој на науката и иновациите во Македонија – рече министерката.

Заедно со затворањето на шесте институти, МОН најави дека 15 други институти имаат добиено насоки за подобрување на нивните активности во рок од три месеци. Тоа значи дека ако не ги исправат забелешките и не ја зголемат нивната ефикасност, можат да се соочат со слична судбина.

Оваа „чистка“ не се однесува само на приватните институти, туку и на државните универзитети. Министерството за образование продолжува со мониторинг на изборите на кадар и процесите на акредитација, а во последниве месеци утврдени се нерегуларности во изборите на академски звања на некои државни универзитети.

Јаневска истакна дека не само што научните институти мора да ги исполнат законските услови, туку треба да работат во согласност со стандардите што се наметнуваат во европски рамки, за да се обезбеди нивната ефикасност и релевантност на меѓународен план. Тие не можат да бидат само форми за стекнување финансиски средства, туку треба да играат клучна улога во унапредување на научната и образовната сцена.

- Advertisement -
Ad image

– Приватните и јавните научни институти кои не се подготвени да ги исполнат овие основни стандарди и обврски ќе продолжат да се соочуваат со затворања и санкции, кои ќе бидат последица на неуспехот да обезбедат квалитетна научна дејност. Одлуките на Министерството за образование и наука се јасен сигнал дека се бара повеќе од само формално исполнување на прописите. За успешна научна институција, потребно е не само да има кадар, туку и да го има вистинскиот кадар што ќе работи на високо ниво и ќе донесе вистински резултати – истакна министерката.

Share This Article