Топ Вести - Слушај сега
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го исмеа поранешниот претседател Џо Бајден со плоча поставена на Белата куќа.
На плочата Бајден е опишан како „најлошиот претседател во американската историја“ и се тврди дека ја донел нацијата „до работ на уништување“. Таа го содржи и прекарот „Заспаниот Џо Бајден“ (Sleepy Joe Biden), кој Трамп постојано го користеше за време на претседателската кампања за да го прикаже својот ривал како слаб.
Натписот понатаму го повторува неоснованото тврдење на Трамп дека изборите во 2020 година, на кои победи Бајден, биле наместени и му ја припишува вината на демократот за почетокот на војната на Русија во Украина во 2022 година, пренесува ДПА.
Плочата е дел од галеријата на претседателски портрети поставена претходно на Белата куќа. Кога галеријата беше откриена, отсуството на Бајден привлече внимание: наместо негов портрет, беше прикажана слика од автопен (autopen) – механички уред што се користи за автоматско репродуцирање на рачни потписи.
Американските претседатели долго време користат автопен за рутинска административна работа. Сепак, републиканците ја обвинија администрацијата на Бајден дека го користела уредот за потпишување за голем број помилувања без директно знаење или одобрение на Бајден.
Републиканците, исто така, постојано ја доведуваа во прашање способноста на Бајден, кој неодамна наполни 83 години, целосно да ги извршува своите должности при крајот на мандатот, кој заврши во јануари 2025 година. Бајден претходно годинава за „Њујорк Тајмс“ изјави дека тој вербално ги одобрил сите помилувања издадени на крајот од неговото претседателство.
Tagged as:
Заспаниот Џо кој ја почна војната во Украина најлош претседател на САД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
