Засилено полициско присуство и висока безбедност на гласачките места

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во пресрет на вториот круг од локалните избори, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, добил детална информација за актуелната безбедносна состојба и предизвиците со кои полицијата се соочува на терен.

Во рамки на работната посета на Одделението за внатрешни работи во Кочани, Јанев одржал средба со раководството на сите градови каде што во недела ќе се гласа.

– Нашата обврска е јасна – да обезбедиме мирен, безбеден и демократски изборен процес. Полицијата ги презема сите неопходни мерки за граѓаните слободно да го остварат своето демократско право без притисоци, страв или закани – истакна Јанев.

Тој додаде дека нема да има толеранција за никакво незаконско однесување и најави брза и одлучна реакција против секој што ќе се обиде да го наруши изборниот процес.

– Секој поединец кој ќе се обиде да ги наруши законите и демократските правила, без разлика од каде доаѓа, ќе се соочи со професионална и решителна полициска реакција – порача директорот на БЈБ.

Јанев потенцира дека полицијата ќе биде соодветно распоредена во близина на сите избирачки места и на потенцијално ризични локации, додека безбедноста дополнително ќе се засили со модерни технички средства, меѓу кои и воздушно набљудување со дронови.

– Тука сме за граѓаните и за заштита на демократските вредности на државата. Нашата посветеност е изборниот ден да биде безбеден и достоинствен – заклучи Јанев.

Share This Article