Домаќинствата кои спаѓаат во ранливите категории можат да аплицираат за државна помш за инвертер клима уред и за добивање финансиска поддршка за потрошена енергија. Министерството за енергетика ги објави огласите за двете категории.
Краен рок за аплицирање на државна помош за електрична енерија е до 31 август, додека за поддршка за инвертер е до 5 октомври.
На огласот за доделување на инвертер клима уред можат да се јават домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не надминувал: 000 денари за едночлено домаќинство, 000 денари за домаќинство со два члена, 000 денари за домаќинство со три члена и 000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена
На огласот можат да се јават и домаќинствата во кои единствен приход е пензија, а вкупниот нето месечен доход во 2024 година не надминувал: 700 денари за едночлено домаќинство, 800 денари за домаќинство со два члена и 700 денари за домаќинство со три и повеќе члена.
За учетво на огласот потребно е да се пополни барањe (обрасци 1 и 2) кое може да се најде на веб -страната на Министерството за енергетика. Покрај барањето се доставуваат уште и изјава, заверена на нотар, фотокопија од лична карта на барателот, фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството – за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница и фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година
Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.
Правото на инвертер клима уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.
За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија можат да конкурираат домаќинствата со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со потполно слепо лице и со потполно глуво лице
Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.
За доделување на финансиска поддршка за потрошена електрична енергија потребно е да се поднесе поплнето барање (обрасци 1, 2, 3 и 4) кои се достапни на веб-страницата на Министерството за енергетика. Со барањето се доставуваат и изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар, фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток, фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година и фотокопиии од лична карта на барателот и од личните карти за членовите на домаќинството – за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница.и
Документацијата се доставува по пошта или лично на адреса на Министерството за енергетика: ул. „Македонија“ бр. 27 – 1000 Скопје и на Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk