Денеска започна општинскиот проект „ Цветни балкони – Цветен Охрид“ во рамки на кој ќе бидат доделени 400 жардиниери на охриѓани кои живеат во старото градско јадро.
Цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ претпладнево подигнуваа жителителите од улиците: „Македонија“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Кузман Капидан“, „Христо Узунов“, „Климентов Универзитет“,.„Нада Филева“, .„Боро Шајн“,.„Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Св. Кирил и Методи“, „Браќа Миладиновци“, „Цар Самоил“, „Методи Патче“, „Петар Чауле“, „Аргир Маринчев“, „11-ти октомври“, „Димче Маленко“, „Бранко Шотра“, „Охридска архиепископија“.
Акцијата за доделување на жардинерии со цвеќе продолжува и утре. Со оваа активност локалната самоуправа се вклучува во одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина.