Запленети и над 5.000 фалсификувани маски за телефони на „Ејпл“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мобилен царински тим заплени над 5,6 илјади парчиња фалсификувани маски за телефон „Ејпл“. Увозникот од Скопје со намера да го скрие делото, логата ги прикрил со пластифицирани налепници, соопшти денеска Царинската управа.

За случајот е поведена постапка за повреда на право од интелектуална сопственост и е утврдено дека станува збор за фалсификувана стока која во нашата држава требало да се продава како оригинална. Вкупната проценета вредност доколку би се продавале како оригинални е 5,6 милиони денари.

Од Царината информираат дека во изминатите денови се сузбиени повеќе случаи на криминални активности. Мобилен скенер на Табановце при контрола на товарно моторно возило запленил над 112 парчиња разна стока, во најголемиот дел спортска облека со потписот на „Најк“, што сторителот се обидел да ја шверцува во Македонија.

Исто така, возач на патничко комбе натоварено со специјално дизајниран и изработен разладувач наменет за македонска фирма, а чиј испраќач е фирма од Србија, поминал на граничен премин без да ја пријави стоката и за неа да плати царински давачки. Возачот е стопиран на патниот правец Куманово-Скопје од мобилен царински тим, кој го спречил во намерата. Против сторителот е поведена соодветна постапка, а стоката е запленета.

Од Царина информираат и дека мобилен царински тим при контрола на патничко моторно возило на влез во државата на граничниот премин Табановце кај четворица патници, македонски државјани, открил вкупно 60.000 евра. На патниците, согласно Законот за девизно работење им се вратени по 10.000 евра, а останатите 20.000евра се запленети.

Во текот на изминатата година мобилните тимови од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги откриле и спречиле 275 обиди за криминални активности што е за повеќе од двојно споредбено со годината претходно, кога имало 118 заплени.

Share This Article