Захарова предупредува дека конфликтот може да ескалира

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Испраќањето трупи на земјите-членки на НАТО во Украина би довело до неконтролирана ескалација на конфликтот и е целосно неприфатливо за Русија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова, пренесуваат руските медиуми, реагираше на изјавата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека најмалку 200.000 европски војници како мировна мисија треба да бидат распоредени во Украина за да се спречи евентуален нов руски напад врз неговата земја по склучувањето на примирјето.

Зеленски повика и на зголемен притисок и на повеќе санкции врз Москва, а побара и повеќе системи за воздушна одбрана за заштита на украинските градови и оружје за армијата.

Тој изјави дека се потребни „повеќе санкции кон Русија, повеќе воздушна одбрана за заштита на украинските градови и населби и оружје за украинските војници на фронтот.

– Поддршката на Украина е нешто што спасува животи и нешто што не може да чека – рече украинскиот претседател.

Share This Article