Background

Загрижувачки е намален бројот на градежни инженери и тоа ќе се почувствува врз реализацијата на капиталните проекти

Загрижувачки е намален бројот на градежни инженери и тоа ќе се почувствува врз реализацијата на капиталните проекти, предупреди денеска претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов.

Според него, земјава има одличен инженерски кадар, кој засега е максимално искористен и вклучен во сите проекти на државата, вклучувајќи ги и оние на „Бехтел и Енка“.

Лепавцов смета дека е клучно Македонија да ги задржи младите инженери, да им овозможи добри услови за работа и професионален развој. Условите за работа и финансискиот надомест се клучните причини поради кои тие одлучуваат дали ќе останат или ќе заминат.

- Advertisement -
Ad image

– На Градежниот факултет серизоно е намалена бројката на студенти и тоа ќе се почувствува многу врз капиталните проекти, кои се имплементираат по најмалку пет-десет години. Бројката кај информатичките науки, машинската и електротехничката струка, е подобра. Лани на ЕТФ имаше речиси 260 магистранди и дипломци. Секако, може да е и подобро, но сè уште се држи оваа бројка. Во струките како градежништвото е доста послабо и е загрижувачки поради што апелирам младите да размислуваат бидејќи ова стана дефицитарна струка – изјави Лепавцов во рамките на настанот по повод Денот на македонските инженери.

Тој е дециден дека македонските инженери се стручни да раководат со проектите во земјата.

– За она што е предвидено тука да се прави имаме доволно знаење, можеме да ги раководиме сами проектите. Максимално е вклучен нашиот инженерски кадар во проектите на државата, сите капацитети се искористени – истакна претседателот на Инженерската институција одговорајќи на новинарски прашања.

Лепавцов уште еднаш порача дека мора да се направи сè за да се валоризира трудот на нашите инженери.

– Клучно е младите инженери да ги задржиме во Македонија, да им овозможиме добри услови за работа и професионален развој, да ги убедиме дека треба да останат тука. Треба да се валоризира и нивниот труд и нивната посветеност. Тие очекуваат условите и платата да бидат солидни, да го валоризираат нивното знаење, што важи секако и за другите професии, но е особено тешко за инженерската струка зашто секој технички факултет трае минимум пет години, а потребно е и искуство. Платата зависи од тоа во која фирма работат. Не почнуваат со минималец зашто се цени тоа што го поминале на факултет, а ако покажат знаење, бргу напредуваат и стигнуваат до солидна плата. Познавам млади инженери кои се сосема задоволни од својата плата, но познавам и такви што очекуваат многу повеќе на самиот почеток од кариерата – рече Лепавцов.

Според него, во земјава има и инженери што се вратиле од странство и тука прават многу сериозна кариера. Таков случај е денешниот добитник на признанието најдобар млад инженер, Тодор Санев, кој работи од Македонија за целиот свет, со знаење што го стекнал на нашите универзитети.

Катарина Тројачанец-Динева, вонреден професор на ФИНКИ, оцени дека во државава имаме извонредни инженери со широка визија, волја, сила и елан да го менуваат и обликуваат светот, да прават подобро утре за целото човештво. На годинешниот конкурс за најдобар млад инженер имало 20 кандидати, што е, рече, добра бројка и треба да бидеме горди на нашите квалитетни кандидати, кои ги создаваме во континуитет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation