Трагедија ја погоди Словенија, кога на скијачката патека на ски-центарот Соришка загина дете, кое скијајќи излегло надвор од предвидениот простор на скијачката патека и се удрило во дрво. Од тешки повреди детето починало на самото место.
Според неофицијални информации, 14-годишно девојче се удрило во дрво на заледена скијачка патека. И покрај итната реанимација, девојчето починало на местото на несреќата поради тешките повреди, објави РТВ Словенија.
За расветлување на сите околности на овој настан, полицијата во Шкофја Лока ги замолува сите сведоци кои ја виделе несреќата или имаат некаква информација да се обратат во Полициската станица Шкофја Лока.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
