Петмина скијачи загинаа во 2 одвоени лавини на француските Алпи, објавија синоќа локалните медиуми.
Во регионот Савоа на француските Алпи, четворица норвешки скијачи ги загубија животите во областа Вал-Сенис, објавија француските медиуми, цитирајќи ја локалната префектура.
Седумте скијачи биле излезени од патеката кога удрила огромна лавина и однела четворица од нив. Три тела биле извлечени на местото на настанот, додека, пак, една жена, која со хеликоптер била пренесена во болница во Гренобл, подоцна била прогласена за мртва.
Во меѓувреме, швајцарски скијачка загина во посебна лавина во близина на Валорсине, северно од масивот Мон Блан. Таа наводно патувала со нејзиниот татко и брат кога удрила лавина, објави весникот „Фигаро“, повикувајќи се на јавниот обвинител.
Таткото на 30-годишната скијачка е неповреден, а нејзиниот брат е пренесен во болница на преглед. Сите тројца биле надвор од патеката.
Префектурата Горна Савоја издаде предупредување за зголемен ризик од лавини.
Во вторникот, 55-годишен британски скијач исто така беше фатен во лавина во регионот на Мон Блан и загина.