На магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла денеска во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „пежо” управувано од Г.В.(47) од Охрид и возило „мерцедес“ управувано од А.А.(19) од Гостивар.
Во незгодата на лице место на повредите им подлегнала сопатничката од патничкото „пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека со тешки повреди се здобиле возачот Г.В.(47) и сопатникот С.В.(69) од Охрид, констатирани во Ургентен Центар Гостивар.Сообраќајните ленти од магистралниот пат од Тетово кон Гостивар од клучка за село Неготино се во прекин и сообраќајот се пренасочува по населените места.
Увид на лице место ќе врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.