За влез и излез во Србија се чека и по 30 минути

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Граничниот премин Табановце утрово е најоптоварен во земјава, со зголемена фреквенција на возила и време на чекање за влез во Македонија од 15 до 30 минути, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Од другите гранични премини, нема евидентирани подолги задржувања, ниту за влез, ниту за излез од државата.

Во однос на состојбата на патиштата, АМСМ соопшти дека сообраќајот се одвива непречено на сите државни патишта, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај е умерен, особено на патиштата надвор од урбаните средини.

„Препорачуваме прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и зголемена внимателност, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони“, велат од АМСМ.

Како ризични делници се издвојуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ апелираат возачите да патуваат подготвено, со редовно проверена техничка исправност на возилото, доволно течности за разладување, како и со резервна опрема, особено доколку се патува во планински или рурални предели.

Share This Article