Риалити ѕвездата Ким Кардашиан за прославата на својот 45-ти роденден во Париз ја избра култната креација од Александар Меквин. Станува збор за винтиџ фустан од Живанши од 1997 година, во стилот на грчка божица. Тој е од колекцијата „Search for the Golden Fleece“ која ја создаде креаторот Александар Меквин, а фустанот првично го носеше моделот Наоми Кемпбел.
Она што го прави посебен е златниот корсет што наликува на оклоп и белото драпирано здолниште. Кога излезе од автомобилот што ја донесе на роденденската забава, златниот корсет едвај ги задржа бујните облини на риалити ѕвездата, која го криеше својот поглед од папараците.
Ким ја комплетираше својата роденденска комбинација со златни потпетици и драматична шминка, а косата ја стилизираше во уредна пунџа. На црвениот тепих ја придружуваше нејзината мајка Крис Џенер, која носеше фустан од 1990-тите, од брендот Оскар де ла Рента.
Ким Кардашијан за својот 45-ти роденден се почести со раскошен подарок – вила која се наоѓа веднаш до нејзиниот имот во Јужна Калифорнија. Таа потрошила огромни 7 милиони долари за новото проширување на својот имот во близина на Лос Анџелес.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
