За што треба да разговараат двајцата лидери?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
US President Donald Trump (R) walks with Russia's President Vladimir Putin before taking a family photo at the G20 Summit in Osaka on June 28, 2019. (Photo by Brendan Smialowski / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, најверојатно ќе побара разговор со севернокорејскиот претседател, Ким Џонг Ун, за да се постигне „мал договор“ во врска со нуклеарната програма на Северна Кореја, соопшти Јужнокорејската разузнавачка агенција (НИС).

„Постои можност Трамп да побара средба со Ким бидејќи Трамп ги гледа средбите со Ким од периодот на неговиот прв претседателски мандат како негови големи успеси“, се наведува во соопштението на НИС, пренесува Јонхап.

Разузнавачите додаваат, во случај позицијата на САД да биде дека Северна Кореја не може да изведе денуклеаризација во краток временски период, тогаш за новата администрација ќе биде прифатлив и договор од помал обем за замрзнување на нуклеарните програми или за нуклеарно разоружување.

Трамп се сретна со Ким трипати за време на неговиот прв претседателски мандат, еднаш на самитот во Сингапур во 2018 година, како и во Виетнам една година подоцна кога се разговараше за можна денуклеаризација на Северна Кореја.

Share This Article