За речиси две години реализирано е најголемо покачување на пензиите во изминатите 20 години. Од септември 2024 до март 2026 пораст на пензиите номинално за 7.000 денари или раст за 36%, изјави директорот на фондот за ПИОМ Никола Мемов.
Тој информира дека е во тек исплатата на на мартовските пензии кои се повисоки за 1.000 денари согласно линеарното зголемување на пензиите, а неа ќе ја добијат 347.296 пензионери.
-Во вкупната сума на пари што се користи за исплата на пензиите зголемувањето изнесува речиси 500 милиони евра повеќе во 2026 година во споредба со 2024 година. Како пример, во септември 2024 година кога е исплатена пензијата за август, се исплатени 7.210.341.000 денари. За исплата на мартовската пензија 2026 година, вкупната исплата на пензиите е 9.65 милијарди денари, што е за 2.44 милијарди денари месечно повеќе во споредба со септември 2024 година – вели Мемов.
Со последните зголемувања на пензиите ,наведува Мемов, минималната пензија за периодот 2024-2026 година е зголемена за 61.75%, додека просечната пензија е покачена за околу 40%.
– Ова претставува најголемо покачување на пензиите во последните 20 години, кое е резултат на политиките насочени кон подобрување на животниот стандард на пензионерите.Со ваквите мерки се покажува јасна грижа за највозрасните граѓани, а пензионерите стануваат еден од главните приоритети во социјалната политика.Со континуираното зголемување на пензиите, оваа Влада испраќа порака дека стабилноста и грижата за пензионерите се темел на општествената одговорност и дека подобрувањето на нивниот стандард е клучен политички ефект за донесените економски и социјални одлуки -вели Мемов.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
