За нов директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен доктор Игор Мерџаноски. Од јули лани до денеска директорка на ТОАРИЛУЦ беше професор д-р Марија Срцева.
Д-р м-р супспецијалист Игор Мерџаноски е роден 1971 година во Гостивар. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје каде што завршил и специјализација по општа хирургија. Во 2018 година се стекнал со звањето супспецијалист по трауматологија. Тој исто така одбранил магистерски труд од областа Јавно здравје.
Д-р Игор Мерџаноски поседува повеќе од 20 години искуство применувајќи најсовремени пристапи и методи на работа во различни хируршки интервенции во согласност со модерната медицина. Своето работно искуство го стекнал на Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, но исто така и низ клиники во Европа, меѓу кои Германија, Австрија и Турција. Долгогодишен член е на AO Trauma организацијата и учесник на годишни конгреси во Хрватска, каде што бил и едукатор.
Д-р Игор Мерџаноски поседува лиценца за судско-медицинско вештачење. Исто така, тој е член на здравствени комисии во земјата каде што придонесува со современи решенија за развој и унапредување на здравствениот систем, пишува во неговата биографија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
