До 18.00 часот, на територијата на државата регистрирани се вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е еден, а изгаснати се 21 пожари, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Активи се пожарите кај Дрџински рид, село Русиново во Општина Берово, каде што гори дабова, букова шума и папрат, близу село Никуштак, Липковско е зафатена нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, кај селата Варвара и Драчевица, во Општина Студеничани опожарена е мешана шума и ниска вегетација. Во Општина Струмица помеѓу селата Муртино и Банско пожарот зафатил ниска вегетација, стрништа горат во село Фалише во Општина Тетово и ниска вегетација во Општина Долнени во село Секирци.
Под контрола е пожарот на дивата депонија Вардариште во Општина Гази Баба.
Изгаснати се 21 пожар во повеќе општини во државата каде горела главно ниска вегетација, во Општина Ресен на место викано Порој биле зафатени и јаболкови насади, во Општина Липково во селата Оризаре и Слупчане била опожарена и мешана шума и ниска вегетација, а во Општина Старо Нагоричане: с. Младо Нагоричане, маало Бузанци била зафатена од пожар кровна конструкција од плевна, наведуваат од ЦУК.
Tagged as:
За еден ден се изгаснати 21 пожар на отворено
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
