
За чист Охрид и здрава еколошка средина која сите ја заслужуваме


Изминатите денови, пред големиот верски празник Велигден, ангажирана беше целокупната расположлива механизација и човечки ресурси на Ј.П.Охридски Комуналец, во расчистување на диви депонии во Охрид и приградските населби

Мапирани беа 9 поголеми диви депонии и 14 помали, повторно создадени од несовесни граѓани, кои со својот деградирачки однос кон природата, оставаат негативен импакт кон сите нас кои живееме во Охрид и кон сите туристи кои не заслужуваат да ги гледаат овие слики

Во поширокото подрачје на Охрид, Свети Стефан, Лагадин, Пештани, Љубаништа па се’ до Свети Наум, се расчистени голем број диви депонии од каде се подигнати 102м3 отпад (кабаст, зелен, градежен шут и др.)