Background

За Божиновска иднината е во диверзифицирани, одржливи и сигурни енергетски решенија

Енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес што бара храброст да се променат навиките, бара визија за носење долгорочни одлуки и подготвеност да се инвестира во решенија што не носат брзо резултати, но создаваат посигурна и поодржлива иднина за следните генерации, порача министерката за енергетика Сања Божиновска во воведното обраќање пред официјалниот почеток на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ што се одржува во Скопје.

Како што истакна Божиновска, следните три дена Македонија ќе биде центарот на глобалниот енергетски дијалог.

-Енергетската отпорност денес значи способност системот да се прилагоди и да продолжи да функционира дури и во услови на глобална неизвесност. Зависноста од еден извор или снабдувач денес е минато, иднината припаѓа на диверзифицираните, одржливи, сигурни енергетски решенија – рече Божиновска.

- Advertisement -
Ad image

Според неа, енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес, кој бара храброст да се променат навиките, визија за носење долгорочни одлуки и подготвеност да се инвестира во решенија што не носат брзи резултати, но создаваат посигурна и поодржлива иднина за следните генерации.

Енергетската отпорност, денес, според неа, значи способност системот да издржи, да се прилагоди и да продолжи да функционира дури и во услови на глобална неизвесност и да функционира стабилно и прилагодливо и во услови на глобална неизвесност и геополитички потреси. Зависноста од еден извор или снабдувач, забележа дека е ризик од минатото.

– Во оваа нова ера, технологијата и вештачката интелигенција се наш сојузник, а не закана. Тие можат да помогнат да ја предвидиме побарувачката, да ја оптимизираме потрошувачката и да ја подобриме достапноста на енергијата. Но, енергијата, мора да ја користиме паметно, со фокус на луѓето, не само на машините – рече Божиновска.

Владата, потсети, го гради интерконекторот со Грција и со Србија, инвестиција што, според Божиновска, ќе обезбеди директно снабдување за илјадници домаќинства и индустрии, но ќе и помогне и на Европа за подобра поврзаност и сигурност при снабдувањето со гас.

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григоријан, порача дека Форумот доаѓа во време на големи глобални предизвици и интензивирани последици од климатските промени врз економската неизвесност и се поголеми геополитички проблеми.

-Во тој контекст мора да препознаеме дека енергетската сигурност и климатската отпорност се две страни на иста медалја. Мора да се движиме од преземени обврски кон конкретна имплементација, бидејќи одржливата енергија претставува камен-темелник на нашата одржлива колективна иднина – рече Грегоријан и посочи дека УНДП ширум светот е ангажиран во активно одржување на оваа агенда.

Наша цел, додаде, е да им обезбедиме на повеќе од 500 милиони луѓе ширум светот економски одржливо и сигурно снабдување со енергија.

-Време е да се одреди со храбри цели, а тоа е исфрлање на електраните кои работат на јаглен во фази и зголемување на капацитетите за одржлива енергија. Мораме да обезбедиме и дигитални системи за користење на податоците и користење на вештачката интелигенција за планирање, анализирање и имплементирање на политики и проекти базирани на докази. Дигиталните платформи обезбедуваат мониторинг во реално време, како и флексибилни пазари. На тој начин енергетските системи ќе станат пофлексибилни и поотпорни – рече Грегоријан.

Татијана Молчан, извршна секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE)  рече дека се наоѓаме на еден крстопат кога се работи за мултилатерализмот во енергијата.

-Глобалната енергетска транзиција претставува не само историска можност за одржлив развој, туку и голема одговорност. Мора да градиме отпорни енергетски системи, коишто ќе осигурат безбедна, пристапна и еколошки одржлива енергија. Нашата цел и од сите партнери е да најдеме практични решенија за споделување на национални стратегии, за да прикажеме иновативни технолошки решенија од меѓународните организации, приватниот сектор, академската заедница и да обезбедиме финансиски механизми и партнерства за инвестиции – рече Молчан.

На Форумот во фокусот ќе бидат енергетската транзиција, технологијата и пазарите, производството на енергија и соработката за обезбедување енергетска сигурност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation