Background

За 7 дена ќе има први резултати за загадувањето на воздухот во Трубарево

Научниците истражувачи од лабораторијата „Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад.

Ректорот на УГД и раководител на лабораторијата „Амбикон“, Дејан Мираковски вели дека се поставени два уреда, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет дена ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани. Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина метри, а втората е на стотина метри од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата.

Мираковски вели дека ќе се анализираат 32 елементи, како и никел, кадмиум, арсен, олово и жива.

- Advertisement -
Ad image

– Анализите вклучуваат целосен хемиски состав – елементарен состав на честичките, како и дополнително се анализираат водорастворливите јононитрати, сулфати, амониуми, хлор, калиум и елементарен јаглерод. Тоа е стандарден сет на анализи коишто ќе ни овозможи заедно со металите, вклучително и регулираните метали да направиме проценка на квалитетот на воздух во наредните неколку дена – рече Мираковски.

Тој посочува дека во моментов не може да се определи зоната на дисперзија на честичките што се ослободени во воздухот. Тоа зависи од количината и видот на материјалот што изгорел, но и од атмосферските услови. Првична проценка тешко може да се направи, бидејќи како што вели Мираковски сѐ уште нема точни информации што точно имало во складот. Тој забележува дека со согорувањето на литиумските батерии и пластика се формираат и гасови и честички и дел од нив се трајни органски загадувачи.

– Не се работи за фабрика, туку за склад и нема точни информации колкави количини материјали имало внатре. Кога ќе се добијат сите информации може со реверзибилно моделирање да се процени зоната, а може и со директно земање примероци од околината, по некаков распоред и да се утврди колкава е таа зона која претставува ризик. Тоа зависи од многу фактори и било каква дискусија, односно раширувањето во поголем простор ја намалува концентрацијата и не би требало да се очекува некаков хемиски ризик во екстремно голема зона – изјави Мираковски.

Тој додаде дека освен на воздухот, предвидено е да се прават анализи и на водата и на почвата во регионот. По утврдувањето на овие параметри ќе биде познато дали ќе треба да се врши чистење и санација на евентуално контаминираната зона. 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation