Background

Вучиќ тврди дека опозицијата спрема насилство, но дека државата ќе реагира веднаш

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека очекува опозицијата да „организира големо насилство“ на собирот во Белград во сабота и дека „сите што ќе учествуваат во тоа ќе бидат уапсени“, и наведе дека апсењето на сторителите „ќе трае 15 минути, час или два, бидејќи државата ќе знае да се однесува како држава и тука нема никаква филозофија“.

– Знаат дека крајниот рок им е сабота и тоа го покачија на ден Д. Ќе повикаме на мир, но јас ги познавам одлично – рече Вучиќ за време на посетата на манастирот Архангел Гаврил во селото Кусадак, на почетокот на обиколката на Јужнобанатскиот и Подунавскиот округ.

Како што пренсе Бета, тој рече дека верува оти студентите во блокада се „попаметни од овие несреќни опозиционери и знаат дека ова не смее да биде Ден Д“ и дека не треба да учествуваат во тоа, а подоцна да продолжат со своите акции додека не се исполнат нивните барања и да останат запаметени како победници, наместо по насилство.

- Advertisement -
Ad image

Вучиќ нагласи дека „нема ништо од шарената револуција“ и дека книгата, во која пишува како успеал да ја победи шарената револуција, ќе ја заврши во текот на летото бидејќи веќе ја има направено корицата и неколку страници, наведувајќи дека тоа ќе биде „форма на учебник без романтизам за да им служи на слободољубивите народи во светот“.

Зборувајќи за студентите, кои сакаат да учат, рече дека 820 од нив ноќеска спиеле во шатори, што е голема бројка кога се спие на отворено, додека, пак, во текот на денот ги има уште повеќе, а тој број, рече, секојдневно се зголемува.

Коментирајќи го телевизиското покривање на протестите, тој ги повика граѓаните да не ѝ веруваат ништо на Радио телевизија Србија, бидејќи, како што наведе, „речиси и нема разлика меѓу нив и Н1“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation