Вучиќ побарал разбирање од Лондон за ситуацијата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја повика Велика Британија да покаже поголемо разбирање за ситуацијата во Косово со тоа што ќе го поддржи дијалогот и ќе ги осуди едностраните потези на Приштина.

Тој со британскиот државен министер за Европа, Северна Америка и прекуокеанските територии, Стивен Даути разговарал за актуелната ситуација на Косово.

„Разговаравме и за актуелната ситуација на Косово, каде детално го информирав министерот за речиси невозможните услови во кои живеат Србите“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Станало збор и за безбедносните предизвици во поширокиот регионален контекст, како и за европскиот пат на Србија, а Вучиќ го поканил британскиот премиер Кир Стармер да ја посети Србија.

Српскиот претседател додаде дека фокусот на разговорите бил на зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави, а се разговарало и за различни аспекти на соработката, вклучувајќи ги економијата, трговијата, сајбер безбедноста и миграцијата.

Share This Article