Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денес во Пекинг побарал од шефот на руската држава, Владимир Путин, добра цена и поголеми количини гас за Србија.
Вучиќ им рече на новинарите во Пекинг дека со Путин разговарал за санкциите на САД против српската нафтена индустрија и дека се договориле да работат заедно за да можат да го зачуваат тоа „важно претпријатие“, додавајќи: Се надеваме дека големите играчи ќе можат да се договорат за ова прашање“.