Вучиќ објави снимка од Петтата белградска гимназија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави видео од Петтата белградска гимназија, на кое се гледа како новоименуваната директорка Данка Нешовиќ во придружба на брза помош ја напушта канцеларијата додека учениците ја исвиркуваат стоејќи во ходникот, пренесе српски Блиц.

„Снимката што ја гледате е едно од најзастрашувачките сведоштва на српската денешница“, напиша Вучиќ на почетокот на објавата.

Тој вели дека „со неа беа уште тројца чесни и здрави учители кои веруваа дека училиштето е место каде децата треба да учат и каде што (учителите) ги заработуваат своите плати“.

Вучиќ вели дека е фасциниран и од храброста на директорката исто колку што е шокиран од „непочитувањето, психолошкиот и физичкиот терор“ што бил извршен над неа.

 

 

„Убеден сум дека и овие деца ќе им се извинат на наставниците поради непочитувањето и лошиот однос кон постарите и дека еден ден ќе станат големи, одговорни и сериозни луѓе“, заклучи тој.

Пред гимназијата во тек е протест на наставници, ученици и родители. Демонстрантите велат дека протестот не е против директорката туку против Министерството за образование, кое, како што велат, се обидува да ја „нормализира наставата“ со доведување на нов директор.

- Advertisement -
Ad image

Петтата белградска гимназија, чии професори и ученици се во карантин од 20 јануари годинава, во средата беше посетена од полиција и од брзата помош, по состанокот на сите вработени во оваа гимназија на кој на вработените им беше претставен новиот раководител на училиштето.

По тој состанок беше најавен Наставничкиот совет, но од присутните 80 наставници, 76 ја напуштија салата за состаноци. Тие претходно објаснија дека „од почетокот на суспензијата не присуствувале ниту на наставнички ниту на одделенски совети“.

Новата директорка потоа ја напушти гимназијата во придружба на медицинскиот персонал.

- Advertisement -
Ad image

Доскорешната директорка на Петтата белградска гимназија, Борка Поповиќ, поднесе оставка од таа функција откако на социјалните мрежи беше објавена интерна преписка меѓу неа и вработените во гимназијата, во која таа се закануваше со дисциплински мерки против наставниците затоа што наводна ја блокирале во работата.

Share This Article