Вучиќ донесе 13 одлуки за помилување

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ донесе 13 одлуки за помилување, а на списокот на помилувани има студенти, професори и директори на неколку училишта, објави Претседателството на 29 јануари.

Одлуката доаѓа два дена откако Вучиќ најави дека ќе помилува студенти и професори против кои се води кривична постапка за учество во масовните протести кои се организираат низ Србија во последните три месеци.

Помилување на активистите уапсени за време на протестите е едно од барањата на студентите, заедно со барањето да се објават сите документи поврзани со изградбата на бетонската натстрешница на Железничката станица во Нови Сад.

Уривањето на натстрешницата на 1 ноември минатата година одзеде 15 животи.

Српскиот лидер во обраќање до нацијата во вторникот изјави дека во следните дена ќе биде одлучено дали ќе се формира нов владин состав со реконструкција на барем половина од министрите или ќе се оди на парламентарни избори кои можат да се одржат во април.

Денеска исто така е продолжен притворот за нови 30 дена за 10-те уапсени луѓе по трагедијата во Нови Сад и куќниот притвор за две осомничени лица.

Поранешниот српски министер за градежништво, Горан Весиќ ќе се брани од слобода, откако беше уважена жалбата на неговите адвокати. Обвинителството претходно соопшти дека за делата за кои се товарат е пропишана казна од две до 12 години затвор.

Инженерската комора на Србија претпладнево беше нова локација за демонстрантите, каде предадоа барања со потписи.

Студентите во четврток планираат нова акција. Белградските студенти ќе тргнат пешки за Нови Сад, за да им се придружат на тамошните колеги во блокадата на три моста в сабота.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article