Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Локална појава на нестабилност ќе има и во вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.