Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер, над 60 километри на час. Претпладне, претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка, со висина од два до 10 сантиметри.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека потоа ќе следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната од седум до 22 степени.