Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 17 степени.
Локални врнежи ќе има и во вторник во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.



























