Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од -3 до максимални 14 степени.
Во следните денови времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а по котлините магливо и постудено. Во среда попладне, во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.