СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ

Почитувани,


Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо “ништо” за најголемиот христијански празник „Велигден“.
Секој март од 2021 па наваму, кога се корегира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат со минималната плата според Колективниот договор за култура, и оваа година, вработените во културата се соочија со проблеми.


За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок.

Иако и двете права законски им следуваат на вработените во културата беа пуштани спинови дека културните работници не ја заслужуваат платата што ја земаат, дека не работат ништо, се манипулираше со висините на платите во културата и сл.

Цел март и почетокот на април наративот насочуван спрема вработените во културата беше дека платата која ја земаме е незаконска,
потоа неуставна, дека КД за култура е истечен, дека е штетен, дека вработените треба сами да се откажат од своите права.



Следејќи го развојот на настаните и опасноста вработените во културата да останат без она што законски им следува, СКРМ најави протест за 11ти април. Веднаш по најавата, на 10ти април стигна известување од Министерството за култура дека платите ќе се прават според законите и колективните договори, и пресметките на институциите беа прифатени.


Поради тоа, во духот на социјален дијалог СКРМ го откажа, односно го „замрзна“ најавениот протест на неопределено време.

Според КД за култура платата требаше да се исплати до 10ти во месецот, а според законите во Република Македонија до 15ти. Вчера беше 17ти и последен работен ден пред продолжениот викенд во очи на најголемиот Христијански празник Велигден, а плата за сите културни работници немаше.


Нема никакво официјално образложение зошто

, само бледи, нелогични, неповрзани и конфузни изјави на министерот за култура по различни медиуми.

Во еден медиум ги обвини институциите за ненавремено изготвување на пресметките, а во друг кажа дека тие како министерство на 11 април одлучиле дека ќе ја исплатат платата „како и до сега“, за да не доцнела, па „ќе сме се договарале за понатаму“.


Според овој исход, како и според одлуките донесени на состанокот на Советот на СКРМ на 8 април, СКРМ најавува протестен Совет во проширен состав на 22 април 2025, Вторник, во 12 часот пред Министерството за култура.
Понатаму СКРМ ќе го реализира следново: