Европска Унија воведе нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Новите санкции се насочени кон руската „флота во сенка“, хибридните закани и кон кршењето на човековите права.
„ЕУ го одобри 17-от Пакет санкции против Русија, кој опфаќа речиси 200 бродови од „флотата во сенка“. Новите мерки се однесуваат и на хибридните закани и на кршењето на човековите права“, објави на социјалната платформа Икс високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
Новите санкции се насочени кон 200 бродови од така наречената флота во сенка, која се користи за заобиколување на меѓународните ограничувања на из
Санкциите се поврзани и со хибридните закани, вклучително и кибернапади, дезинформации и напади врз критичната инфраструктура во земјите-членки на ЕУ.
ЕУ презема и мерки против поединци и ентитети, поврзани со кршење на човековите права на окупираните територии на Украина и во Русија.
Претходно, шефот на британската дипломатија Дејвид Лами изјави дека Лондон вовел 100 нови санкции против Русија.