Вооружен конфликт изби меѓу Тајланд и Камбоџа, јавија војските на двете земји, притоа тврдејќи дека огнот го започнала другата страна

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вооружен конфликт изби меѓу Тајланд и Камбоџа, јавија војските на двете земји, притоа тврдејќи дека огнот го започнала другата страна. Најмалку двајца граѓани се убиени откако бомбардер Ф-16 на Тајланд погоди цели во Камбоџа, објави Ројтерс.

Tајландскиот контраадмирал Сурасан Конгсири го впери прстот кон Камбоџа обвинувајќи дека утрово, 24 јули, земјат распоредила дронови и трупи на 6 горливи точки долж границата.

Ова, според адмиралот, го поттикнало брзиот одговор на Тајланд кој испратил бомбардери Ф-16 кои интензивно пукале. Армијата на Тајланд исто така известила дека една од Ф16-ките уништила камбоџански воен објект, по што целосно била затворена границата.

– Губиме територија – рече портпаролот на тајландската армија, Риха Сухсуванон, обвинувајќи дека Камбоџа прва испукала артилериски гранати и нападнала со дронови.

Според Министерството за одбрана на Тајланд сите 6 тајландски Ф‑16 се вратиле безбедно и биле неоштетени по планираната воздухопловна акција.

Камбоџа возврати со тежок речник на обвинувања од Тајланд.

 

 

Земјата вели дека „силно ја осудува бруталната и неодговорна воена агресија на Кралството Тајланд против суверенитетот и територијалниот интегритет на Камбоџа“, обвинувајќи дека авионите Ф-16 бомбардирале јавни патишта на нејзина територија.

- Advertisement -
Ad image

– Бомба паднала врз куќи. Убиени се двајца цивили. И покрај тоа, 40.000 жители од 86 села беа евакуирани во безбедни засолништа со бетонски ѕидови и вреќи со песок  – изјави Суттирот Чароентанасак, шеф на окружната управа во провинцијата Сурин.

Од друга страна, тајландското Министерство за надворешни работи објави дека Камбоџа испукала „тежок артилериски оган“ врз тајландска база и врз цивилни објекти, вклучително и врз една болница.

Претходно, во дипломатска пресметка, Тајланд повлече свој амбасадор од Пном Пен и му се закани на камбоџанскиот амбасадор со исфрлање, бидејќи на тајландските војници им експлодираа мини при патролирање близу спорна погранична зона.

- Advertisement -
Ad image

Претходно во јули, тројца тајландски војници биле повредени од мини. Тајланд обвини дека Камбоџа поставила нови мини, додека Камбоџа тврди дека станува збор за мини кои се остатоци од Втората светска војна.

Претседателот на камбоџанската влада, Хун Манет, на социјалните мрежи повика на итно повлекување на тајландските сили велејчи дека Камбоџа нема да толерира навлегување во нејзина територија.

Конфликт меѓу земјите имаше и на 28 мај оваа година, кога во областа „Emerald Triangle“ (Chong Bok), критична спорна зона, беше разменет оган. Во престрелката загина еден камбоџански војник. И тогаш двете страни обвинија дека спротивната војска преминала границата прва.

Share This Article