Background

Волк се приближил до петгодишно девојче од Србија на плажа во близина на Неос Мармарас, во Грција, и се обидел да го нападне, но трагедијата била избегната благодарение на брзата реакција на мајката и на еден случаен минувач

Волк се приближил до петгодишно девојче од Србија на плажа во близина на Неос Мармарас, во Грција, и се обидел да го нападне, но трагедијата била избегната благодарение на брзата реакција на мајката и на еден случаен минувач.

Според раскажувањето на мајката, Ирена Пеиќ, инцидентот се случил во петокот рано наутро, на тивка плажа што припаѓа на приватни домови и обично нема многу луѓе.

„Ќерката си играше со едно бебе кога еден човек извика: ‘Што е тоа?’ Кога станав, волкот веќе стоеше до нас и ни го попречи патот“, вели таа.

- Advertisement -
Ad image

Во следниот момент, животното се нашло веднаш до девојчето.

„Ја отвори вилицата и тргна да ја зграпчи ќерка ми околу половината. Ја грабнав и почнав да трчам. Еден човек почна да фрла со камења, волкот падна во водата и ние успеавме да побегнеме по скалите до апартманот“, раскажува Ирена.

Волкот, според неа, потоа излегол од водата и скокнал во дворот на апартманот, каде неколкумина го бркале со камења и стапови додека не го истерале.

Девојчето поминало со мала гребнатинка на грбот. Било прегледано во болница, примило вакцини и антибиотици.

„Да не беше тој човек што го гаѓаше волкот, не знам како ќе завршеше. Благодарение на него успеавме да се спасиме“, вели мајката, која додава дека останала смирена токму поради неговата навремена реакција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation