Војската на Мјанмар се соочува со критики поради континуираните воздушни напади и тврди дека ја блокира помошта за преживеаните од земјотресот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Indian and Myanmar rescuers try to carry a dead body at U Hla Thein Buddhist monastery that collapsed in Friday's earthquake in Mandalay, Myanmar, Monday, March 31, 2025. (AP Photo/Thein Zaw)
- Advertisement -
Ad image

Војската на Мјанмар се соочува со критики поради континуираните воздушни напади и тврди дека ја блокира помошта за преживеаните од земјотресот.

Бројката на загинати во земјотресот во Мјанмар се покачи на 2.719 лица, рече воениот началник Мин Аунг Хлаинг во говорот на државната телевизија во вторникот. Бројот на повредени е 4.521, додека 441 лице се водат како исчезнати.

„Гардијан“ пишува дека двајца австралиски лекари кои помагаат во координирањето на одговорот за итни случаи во епицентарот во Мандалеј и Сагаинг, ја обвинија хунтата за блокирање на снабдувањето со итна помош.

– Некои од залихите со помош, а повеќето од неа, не беа дадени на луѓето на кои им беше потребна. Во некои области во Мандалај помошта не пристигна. Помошта беше конфискувана од воената хунта – рече д-р Нанг Вин.

Откако го погоди земјотресот, д-р Нанг комуницира со колегите во Мандалеј, каде што вели дека помошта е оскудна и дека се формираат импровизирани клиники наместо соодветен систем за одговор при итни случаи.

Во областите каде војската нема целосна контрола, војската ја блокираше помошта и спречуваше тимови спасувачи да влезат, рече д-р Нанг.

– Ако дојде група спасувачи и каже дека сака да влезе, особено во Сагаинг, нема да те пуштат, ќе речат дека ти треба дозвола и штом ќе добиеш дозвола, веќе е доцна – рече таа.

Во текот на изминатата година, хунтата постојано го губи теренот, контролирајќи помалку од 30% од територијата на земјата, иако ја задржува контролата врз најголемите градови.

Во меѓувреме во соседен Тајланд, гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт, изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодерот што беше погоден во земјотресот, каде што беа заробени повеќе од 70 луѓе.

- Advertisement -
Ad image

Спасувачите утрово се подготвуваат да копаат подлабоко, а гувернерот рече дека е подготвена и тешката механизација. Досега избегнуваа да користат тешка механизација од страв дека зградата може дополнително да се урне. На почетокот на операцијата успеале да лоцираат неколку преживеани под урнатините, но во последните денови се извлечени само тела, вкупно 13 досега.

Чадчарт утрово изјави дека сегашната цел на операцијата е да се извлечат телата на загинатите.

Властите, сепак, се уште официјално не ја нарекуваат оваа операција потрага по тела, јавува Би-би-си.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди центарот на Мјанмар во петокот предизвика големи разурнувања. Илјадници луѓе во погодените области имаат огромна потреба од храна и од вода.

Share This Article