Нова соработка помеѓу Турки Алалших и Дана Вајт, која би можела да го промени светот на боксот каков што го знаеме сега. Во изминатите неколку години, Алалших го предводи светскиот бокс и одигра клучна улога во доведувањето на најголемите ѕвезди во Саудиска Арабија. Сега тој сака нова боксерска ера со основачот на UFC, Ден Вајт.
Алалших и Вајт сакаат да го трансформираат боксот во систем сличен на УФЦ. Ова ќе им овозможи на најдобрите боксери да се борат за истиот појас, а претходните титули како ВБЦ, ВБА, ИБФ и ВБО ќе станат минато.
Некои ја поздравуваат оваа идеја, верувајќи дека може да внесе логика и јасност во боксот. Навивачите на традиционалните компании за бокс и промоција имаат спротивно мислење и не го поддржуваат овој концепт.
Алалших претходно навести дека во март 2026 година, во поранешниот затвор Алкатраз, на истоимениот остров во близина на Сан Франциско, ќе приреди боксерски спектакл каков што светот досега не видел.
Објавата на Алалших предизвика многу реакции, со оглед на историјата и статусот на Алкатраз како најпознат затвор во Америка. Идејата за одржување на спортски настан изгледа нереална, но знаејќи дека Алалших располага со огромни финансиски средства, таков проект би можел да стане реалност.
Наводно, меѓу многуте ѕвезди кои би учествувале во борбите во Алкатраз, се споменува и името на Канело Алварез, кој потпишал договор за четири борби со организатори од Саудиска Арабија.
Доколку се реализира овој настан, би можел засекогаш да го промени боксот, а сега се поставува прашањето – дали новата верзија на боксот ќе успее да ја задржи автентичноста и душата на спортот?