Во зградата на Косовска пошта во Звечан експлодирала рачна бомба, додека, пак, друга била детонирана

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Косовската полиција соопшти дека во зградата на Косовска пошта во Звечан експлодирала рачна бомба, додека, пак, друга била детонирана, објави Радио Слободна Европа.

Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, за Радио Слободна Европа изјави дека нема повредени, но дека е причинета материјална штета.

Минатата недела бил поставен знакот на Косовската пошта во Звечан на овој објект. До мај 2024 година, во него функционирала Банка на Поштенската штедилница, која работела во рамки на системот на Србија.

Истиот знак на Косовска пошта бил поставен и во други општини со српско мнозинство во северно Косово, во зградите каде што работеле филијалите на Банка на Поштенската штедилница.

Косовските власти ги затворија оваа банка, Поштата на Србија и други институции, кои работат во системот на Србија, со образложение дека се нелегални, односно дека немаат дозвола за работа. Ова наиде на незадоволство од локалната српска заедница и на критики од меѓународната заедница.

Минатата година неколку експлозивни направи биле фрлени и врз косовски институции во општини во северно Косово, додека косовските власти оценија дека „криминалните и терористички напади“ имале за цел заплашување.

Share This Article