Во Владата не се водат преговори за химната и за грбот, но нема ниту табу теми меѓу коалициските партнери и се разговара за сè што е во интерес на граѓаните и на државата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Владата не се водат преговори за химната и за грбот, но нема ниту табу теми меѓу коалициските партнери и се разговара за сè што е во интерес на граѓаните и на државата, рече денеска вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.

– Во фокус ни е владината програма, за која имаме политички договор и во која што се утврдени столбови како што се економскиот развој, животниот стандард, ЕУ-интеграцијата, враќањето на правната држава, децентрализацијата. Тие се секојдневно во нашиот фокус и целосно сме посветени на овие столбови. За другото нема преговарање, нема политички договор, но како Влада, за сè што е во интерес на граѓаните и на државата, разговараме, дебатираме, про и контра, тоа е на ниво на разговори, нема табу теми. Не сакам да навлегувам во нешто за што нема преговори, нема политички договор. Не криеме ништо – рече Меџити.

На новинарско прашање дали има проблеми во коалицијата во врска со прашањето околу грбот поради различните ставови на партнерите во власта, тој рече дека има една Влада, но партнерите во не се едно и дека Владата има демократски и политички капацитет да најде решенија на база на аргументи.

На прашање, пак, зошто предложил нова химна без текст, повтори: „Не сакам да навлегувам нешто за што нема политички договор, за нешто за што нема преговори“.

Share This Article