Во црквата Свети Сава заврши парастосот за жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, на која чиноначалствуваше српскиот патријарх Порфирије кој повика денот да заврши во мир

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во црквата Свети Сава заврши парастосот за жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, на која чиноначалствуваше српскиот патријарх Порфирије кој повика денот да заврши во мир.

На парастот присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на СНС Милош Вучевиќ, претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, премиерот Ѓуро Мацут и многу други.

Вучиќ  по настанот не даде изјава, но се обрати на Инстаграм каде што напиша:

„Помина една година од денот што ја промени Србија засекогаш. Шеснаесет животи беа изгубени поради падот на крошната на железничката станица во Нови Сад. Денес палиме свеќа за секој од нив, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца. Како претседател, но и како граѓанин на Република Србија, уште еднаш изразувам најдлабоко сочувство до семејствата.

Во овој тажен момент, најважно е Србија да биде достоинствена и обединета. Ве молам да покажеме почит и внимание едни кон други, бидејќи тоа е единствениот начин да се зачува општествената нишка што нè поврзува. Денес е денот кога треба, без груби зборови и поделби, тивко да се молиме за жртвите. Нека тагата на семејството нè обедини, а не да нè раздели. Да нè водат мирот и одговорноста, а вистината ќе ја бараме во институциите, трпеливо и со целосно почитување“.

 

При падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, на 1 ноември минатата година во 11:52 часот, на самото место загинаа 15 лица, меѓу кои и три деца. Тогаш беа тешко повредени две лица, од кои едното подоцна им подлегна на повредите во болница.

Share This Article