Во текот на изминатиот продолжен викенд (20-22 март 2026), полицијата регистрира 1.699 сообраќајни прекршоци низ целата земја. Од нив, 476 се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина.
Лишени од слобода биле 60 лица поради безобѕирно управување со возило. Меѓу нив, 11 возеле под дејство на алкохол, 17 без возачка дозвола, шест управувале возило и покрај претходна забрана, а еден возел во забранет правец. Во истиот период, полицијата одзела 20 возила.
Статистиката покажува и 198 прекршоци за неправилно паркирање, 35 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 казни за мотоциклисти без шлем, 10 казни за пешаци и 193 казни за непристегнат сигурносен појас.
Дополнително, 29 возила биле отстранети поради нерегистрираност, 12 поради техничка неисправност, а девет возачи биле казнети за прекршување на правилата за затемнување на стаклата (фолии).
Контролите продолжуваат и во наредните денови, а полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за побезбедни патишта.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
