Во српскиот град Нови Сад голем број луѓе од целата држава одржуваат комеморативен собир со цел – оддавање почит на првата годишнина од загинувањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

Lorita
By Lorita
8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во српскиот град Нови Сад голем број луѓе од целата држава одржуваат комеморативен собир со цел – оддавање почит на првата годишнина од загинувањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. На државно ниво денеска е Ден на жалост.

Пред една година – на денешен ден во Нови Сад – загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна бетонска настрешница на реновирана железничка станица во тој град, трагедија за која досега не е утврдена кривична одговорност.

Бетонската настрешница се урна во 11.52 часот, тогаш загинаа 14 луѓе, меѓу кои и 4 деца на возраст од 6, 10, 16 и 17 години, а 3 лица беа тешко повредени. Уште 2 лица починаа подоцна поради повредите.

Меѓу загинатите беше и Македонецот Васко Саздовски (46) – истражувач во Институтот Биосенс во Центарот за сензорски технологии, како виш истражувач во рамките на проектот ANTARES. Докторирал на Универзитетот Кренфилд, Обединето Кралство. Претходно магистрирал електротехника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и дипломирал воздухопловство на Воената академија во нашата држава.

Во Нови Сад, симболично, граѓаните се собираат на 16 локации – за 16 жртви, од каде што ќе се упатат кон Железничката станица, каде што ќе им оддадат почит. Во организација на српската дијаспора, комеморативни собири ќе се одржат и во градови низ целиот свет. Во Србија, но и во Република Српска, денес е Ден на жалост.

фото: принтскрин

Илјадници луѓе ноќеска по полноќ во Нови Сад одржаа 16-минутен молк со што им оддадоа почит на жртвите од трагедијата, пред големиот комеморативен собир со кој денеска ќе се одбележи годишнината од страдањето на 16 луѓе кои загинаа при падот на бетонската настрешница на реновираната зграда на станицата.

Новосаѓани изминатите два дена ги пречекуваа групите студенти и граѓани кои дојдоа пеш од цела Србија за да им оддадат почит на загинатите. Во градот се веќе присутни и групи велосипедисти, моторџии, ветерани и земјоделци со трактори.

Фото: Принтскрин

 

По собирањето во центарот на градот, тие по полноќ се упатија во колона кон железничката станица. Студентите на чело на колоната, во тишина, носеа 16 венци бели цвеќиња со имињата на жртвите од трагедијата.

- Advertisement -
Ad image

Бројни жители на Нови Сад им се придружија во целосна тишина во текот на ноќта при што пред станицата палеа свеќи.Студентите кои пристигнаа во Нови Сад се сместија во кампусот – една од 16-те локации во Нови Сад од кои ќе се движат денеска кон железничката станица.

Веднаш по падот на настрешницата, прво Железничката инфраструктура на Србија објави дека настрешницата не е реконструирана, а потоа тоа го повтори и тогашниот премиер на Србија Милош Вучевиќ, кога дојде со министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ да го посетат местото на несреќата.

– Неверојатно е дека 60 години таа настрешница не е обновена. Дури и кога целата станица беше реконструирана, настрешницата не беше. Некој ќе мора да објасни зошто – рече српскиот претседател Александар Вучиќ во порака до јавноста.

- Advertisement -
Ad image

Од таа вечер на 1 ноември, активисти на студентската организација СТАВ (Студенти против авторитарната влада) организираа бдеење со свеќи за жртвите на Плоштадот на слободата.

Од следниот ден, граѓаните и опозициските активисти почнуваат да организираат собири, барајќи одговорност од надлежните.

Од 29 ноември лани почна и првата блокада на Ректоратот. Одржан е првиот пленум. Студентите на белградски факултети ја прекинуваат наставата со барања за јавно објавување на документацијата за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад. Од 13 декември – веќе сите факултети во Белград и во Нови Сад беа во блокада.

На 15 март оваа година во Белград беше одржан најголемиот протест во историјата на Србија.

 

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, поднесе оставка на 5 ноември, наведувајќи дека поднесува оставка „од морални причини“ бидејќи несреќата се случила во ресорот што го води. Тој  и уште 11 лица, вклучувајќи ја Јелена Танасковиќ, в.д. директорка на „Железничка инфраструктура“, која поднесе оставка неколку дена претходно, беа приведени на 21 ноември поради падот на настрешницата.

Апсењата по наредба на Обвинителството за организиран криминал, чија истрага опфати 15 лица, вклучувајќи го и Томислав Момировиќ, беа извршени на 1 август оваа година.

Досега 3 случаи се во фаза на истрага и уште не е потврдено обвинение, па затоа не е покрената судска постапка.

Покрај таа постапка, за потенцијална корупција за време на модернизацијата на железницата до границата со Унгарија, се води една истрага за падот на настрешницата во Нови Сад и Белград. Истрагата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, со одлука на Вишиот суд во Нови Сад, на 12 март оваа година, беше вратена на дополнување.

На 18 јуни, Вишото јавно обвинителство го обвини Вишиот суд за опструкција, а по неговото дополнување, на 16 септември, објави дека поднело ново обвинение, против истите осомничени и за истите кривични дела.
Вишото јавно обвинителство во Белград покрена обвинение против тројца осомничени вклучени во истрагата на Обвинителството во Нови Сад, но за кривични дела со „коруптивни елементи“.

Оценките на експерти, вклучително и членови на независна Анкетна комисија, беа дека постапката во Белград всушност била обид за опструкција на постапката во Нови Сад.

Во изминатите неколку недели државни функционери наведуваат дека е можно падот на бетонската настрешница да бил предизвикан од терористички чин.

„Анализата и стручното испитување на над дваесет примероци од пронајдени траги, спроведени од Техничкиот оддел на Националниот центар за криминалистичка форензика при Министерството за внатрешни работи, не утврдија присуство на експлозивни супстанции…спроведената анализа покажа дека уривањето на настрешницата на железничката станица не е резултат на тероризам“, објави Вишото јавно обвнителство во јули.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера во обраќање до јавноста нагласи дека му е жал за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите и уште еднаш ги повика граѓаните на дијалог по први ноември.

Тој потсети дека пред една година Србија доживеала ужасна трагедија во Нови Сад и најави дека денеска ќе оди во црква и ќе му се помоли на Бога и ќе запали свеќа за секоја жртва. Како што рече, знае дека многумина се лути што виновниците за тој настан не се утврдени и нагласи дека тоа е разочарувачки и за него.
– Можам да го разберам гневот, особено на семејствата на жртвите и оние кои беа директно погодени од трагедијата- нагласи тој.

Тој рече дека денешниот ден не треба да биде ден што секој ќе го користи за своја политичка корист и повика на дијалог во општеството.

Share This Article