Во Собранието на Република Северна Македонија од денеска е отворена Книга на жалост за загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.
Во Книгата на жалост прв се потпиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.
„Со скршено срце, вознемирен дух, длабоко емотивно трогнат, ги пишувам овие редови во оваа Книга на жалост, со надеж ова да биде последната Книга на жалост отворена во ова Собрание. Трагичниот настан во Кочани и загинувањето на околу 60 млади момчиња и девојки е последниот аларм за сите политички и општествени фактори – време е да се вратиме кон себе, кон нашата хуманост и конечно да се издигнеме како феникс. Да ја обновиме оваа држава од почеток, но врз основа на правда, чесност, чиста совест и искреност. Семоќен Боже, смилувај се на нивните души, а твојот мир и милост нека ги обземат нивните најблиски и сите граѓани на државата“, напиша Гаши.
Книгата на жалост ќе биде отворена за сите граѓани во следните 6 дена, во периодот од 10 до 19 часот.
Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
