Во Скопје утрово паѓа снег кој веќе почна да ја прави и снежна покривка од околу 2 сантиметри и не предизвикува проблеми во сообраќајот. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе снежи, а температурата ќе достигне до 6 степени.
Снег паѓа и во останатите делови од земјава.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 29 сантиметри на Попова Шапка, 7 во Маврови Анови и 1 сантиметар во Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоки места и на планините. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб локален снег ќе има и во текот на ноќта особено во планинските региони.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.