Прометот во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во септември бележи годишен пад од 0,8% номинално. Реално овој пад изнесува 7,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Податоците покажуваат дека прометот во трговија на мало со непрехранбени продукти без гориво, номинално е зголемена за 12,1%, а реално за 7,6%.
Прометот во трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5,7%, а реално за 0,1%.
Податоците покажуваат дека прометот во трговија на мало со автомобилски горива се намалил реално за 1,5%, а номинално за 0,8%.
Трговијата на големо и на мало моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка бележи намалување за 4,2%, а трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли бележи раст од 4,1%.
| Стапки на промена, номинални IX.2025 IX.2024 |
Стапки на промена, реални IX.2025 IX.2024 |
Номинален индекс IX.2025 Ø2021 |
Реален индекс IX.2025 Ø2021 |
|
|---|---|---|---|---|
| 45 Трговија на големо и на мало моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка | -4.2 | – | 133.1 | – |
| 46 Трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли | 4.1 | – | 133.4 | – |
| 47 Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли | 4.4 | -0.2 | 129.9 | 101.1 |
| Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун | -0.8 | -7.1 | 122.5 | 84.0 |
| Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво | 12.1 | 7.6 | 133.6 | 109.3 |
| Трговија на мало, освен трговија со горива | 5.7 | 0.1 | 128.2 | 95.8 |
| Трговија на мало со автомобилски горива | -0.8 | -1.5 | 137.6 | 124.0 |
Извор:ДЗС
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
