Во руски ракетен напад врз Харков во североисточна Украина денеска наутро загинало едно лице, а 54 се повредени, изјави градоначалникот на градот Игор Терехов.
Во нападот, според Терехов, се оштетни 15 станбени згради.
И други области во Украина исто така биле под руски оган во текот на ноќта.
Во напад на руско беспилотно летало врз североисточниот украински град Суми загина едно лице, а уште едно е повредено, изјави вршителот на должноста градоначалник Артем Кобзар.
Експлозии беа забележани и во предградијата на главниот град Киев и во јужниот индустриски град Днипро.
Во меѓувреме, и украинските сили извршиле повеќе напади врз региони во Русија.
Во руската област Ростов, гувернерот Јуриј Сљусар изјави дека воздушната одбрана пресретнала и уништила неколку украински беспилотни летала. Според првичните информации, нема жртви или материјална штета на теренот, рече Сљусар во објава на Телеграм.
Министертсвото за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени 56 украински беспилотни летала над територијата на регионите Воронеж и Белгород, над Азовското Море, како и во Ростовската и Краснодарската област.