Во раните утрински часови пронајден е труп на местото каде се гради Мега паркот иднина во Штип. Засега не може да се утврди дали станува збор за машки или за женски труп.
На оваа локација се наоѓа поранешниот бунарски систем за снабдување со вода за пиење на градот Штип.
Трупот е откриен при активности на градежните машини на фирмата која е анагажирана за изградба на Мега паркот, кој треба да се простира покрај пешачката и велосипедската патека крај реката Брегалница.
Во тек е увид од страна на полицијата и јавен обвинител .
Од СВР Штип за МИА најавија дека повеќе детали и информации ќе соопштат во текот на денешниот ден.