Во првиот квартал од оваа година, приходите од туристичкиот сектор во Албанија забележаа уште еден рекорд во споредба со истиот период од претходните години

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во првиот квартал од оваа година, приходите од туристичкиот сектор во Албанија забележаа уште еден рекорд во споредба со истиот период од претходните години.

Според податоците објавени од Централна Банка на Албанија, странските туристи потрошиле 874,36 милиони евра во Албанија, што е зголемување од околу 11% во споредба со истиот период во 2024 година и 40% повеќе во однос на истиот квартал од 2023 година.

„Статистиката покажува дека Албанија го зголеми своето водство во привлекувањето елитни туристи кои трошат повеќе и остануваат подолг период, факт што се претвора во позитивно и распределено влијание врз економијата”,  оценува банката.

И нето-билансот во туризмот останува позитивен за албанската економија. Разликата помеѓу трошењето на странските туристи во земјата и трошоците на албанските граѓани што одат во странство изнесува 295,32 милиони евра.

Инаку, во Албанија продолжува трендот на раст на бројот на туристи. Како што деновиве објави премиерот Еди Рама, во првите четири месеци од годинава престојувале 2,45 милиони, наспроти 2,33 милиони минатата, односно 1,68 милиони туристи во 2023 година.

Share This Article