Background

Во првата недела од јули се потрошени 89.395 MWh

Тропските горештини кои ја зафатија Македонија деновиве значително ја зголемија потрошувачката на струја, а за тоа најмногу придонесува ладењето кое е вклучено дури и во текот на ноќта.

Од ЕВН велат дека првата недела од јули потрошувачката на струјата е повисока за околу 10% во однос на истиот период лани и последната недела од  јуни годинава. Сепак, додаваат, не се очекуваат проблеми во системот, бидејќи е димензиониран за да може нормално да функционира и при зголемени оптоварувања.

Според податоците на компанијата, во периодот од 1 до 6 јули во земјава се потрошени 89.395 MWh што е повеќе од истиот период лани, кога се потрошени 79.990 MWh. Ова е резултат на тоа што во првата недела од јули годинава е потопло од лани, па граѓаните повеќе користат струја за разладување.

- Advertisement -
Ad image

Најголема потрошувачка е регистрирана на 1 јули кога се потрошени 15.117 MWh. Просечната дневна потрошувачка за тој период лани е 13.331 MWh.

– Разликата се јавува поради разликата на температурите, а оваа година во првата недела од јули имаме значително повисоки температури од истиот период лани – велат од ЕВН.

Скопје и регионот учествуваат со повеќе од 40% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во првата недела од јули. По него следи Тетово.

– Како најголемо конзумно подрачје, скопскиот регион, во овој период има вкупна потрошувачка од 35.713 MWh или во просек 5.952 MWh дневно. Најголемата потрошувачка е на 1.7.2025, ден вторник и изнесуваше 6.215 MWh – велат од ЕВН.

Податоците за минатиот месец покажуваат дека лани во јуни се потрошени повеќе киловати струја од годинава.

– Во јуни 2024 година потрошувачката изнесуваше 405.849 MWh. Просечната дневна потрошувачка за тој период е 13.528 MWh. Минатогодишниот јуни имаше повеќе денови со измерени температури од над 40 степени и затоа има за нијанса поголема вкупна потрошувачка – велат од ЕВН.

Во јуни годинава се потрошени вкупно 393.623 MWh, а најголема потрошувачка од 15.424 MWh е регистрирана на 26 јуни, што беше и најтопол ден месецот.

И во јуни скопскиот регион потроши најмногу струја. Вкупна потрошувачка во овој регион во јуни изнесува 155.887 MWh или во просек 5.196 MWh дневно. Најголемата потрошувачка e на 26.6.2025 (ден четврток) и изнесувала 6.312 MWh.

Со оглед на најавите дека цело лето ќе има високи температури поради од ЕВН велат дека не очекуваат некои големи осцилации на потрошувачката на електрична енергија и посебно проблеми со системот. Според нив, летната потрошувачка на струја е далеку пониска од онаа која се регистрира во зимскиот период, кога голем број на домаќинства струјата ја користи за загревање.

– Не очекуваме проблеми. Системот е димензиониран за да може нормално да функционира и во услови на зголемени оптоварувања. Како за споредба, во јануари 2025 година, просечната дневна потрошувачка е 24.082 MWh, а најголемата е регистрирана на ден 21.1.2025 и изнесувала 26.421 MWh – велат од ЕВН.

Според податоците на ЕСМ, пак, дневно се произведуваат повеќе од 8.000 MWh струја. Најголем дел се произведува од термоелектраните, 59% и од хидроелектраните 39%, а остатокот е од ветерниците.

Ова лето, четири земји во регионот останаа без електрична енергија, а во април тоа им се случи на Шпанија и на Португалија.

Институциите задолжени за секторот велат дека ја следат состојбата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation